Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Прв
27 февруари 2017 година
Чувствувам достоинство кај македонскиот народ. Чувствувам храброст и одважност. Чувствувам одговорност за сегашноста и иднината. Чувствувам дека сите што се собрани овде имаат воловско срце јуначко, кор бовинум. Јас знам, и сите ние, кои долги години живееме во сиромаштија, дека без леб не се живее, но не се живее ни без достоинство колективно. Не сакам да бидам член на народ кој се самоукинал. Сакам со мојата маленкост колку што можам да помогнам да го сочуваме она што нашите претци ни го оставиле како аманет. Нашите претци кои се бореле во бројни востанија дале... реки крв се лиело за оваа татковина. Не сакам да бидам преседан во светската историја и цивилизација, дека припаѓам на народ кој сам себеси се укинал на зелена маса. Тоа нема да го дозволиме на никого.
Да живее Македонија!
Актерот Владо Јовановски на протестниот марш за “Заедничка Македонија“
|