Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Втор
28 февруари 2017 година
Јас сум роден овде, во Македонија. Тука биле моите прадедовци, нашите татковци, треба да живеат и нашите синови. Дојде време за одбрана на унитарна заедничка Македонија. Дојде време да станеме, сплотено сите под знамето на Македонија. Ова се последните мигови кога можеме да ја одбраниме Македонија таква каква што ни ја оставија нашите претци. Веќе не се работи за политичка партија, за политички кариери, за функции. Ова е многу поважна работа. Се работи за нашата Македонија. И затоа ќе ги повикаме сите политички субјекти да ни се приклучат во нашата акција. Го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да не подржи, масовно во одбрана на унитарна и заедничка Македонија. Не се лажеме, нашата цел е искрена и оправдана. И очекуваме секој кој ја сака својата татковина, кој ја почитува историјата, но исто така и посакува иднина, да се приклучи кон нас. Еднаш засекогаш да се знае дека седење настрана нема. Потребна е акција! Сега дојде времето! Ајде сите заедно за заедничка Македонија! Да живее Македонија! Ние друга татковина немаме! Една и единствена Македонија! Сите заедно за Македонија!
Ванчо Петрушевски – македонски глумец, на пат кон Собранието на Република Македонија
|