Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Втор
28 февруари 2017 година
Сограѓани, ви благодарам уште еднаш. Вториот ден е клучен за вашето присуство. Сограѓани Македонци, Албанци, Власи, Срби, Турци, и сите останати, како што кажавме вчера, ова е граѓански собир. Апелиравме до вас да нема шовинистички и националистички извици. Некои не послушаа, но беа многу малку. Не дозволувајте ова да го обојат како сакаат. Овде постојат само две бои, црвена и жолта. Обележете ја! Бараме, ние, жителите на оваа држава, даночните обврзници на оваа држава, да се доведе оваа земја во ред, било по кои избори, без разлика кој за кого гласал да биде на власт. Да се почитуваат демократските избори и резултати. Да нема математики. Да живее Македонија! Жолто-црвена Македонија! Македонија на која никој нема по втор пат да и го смени знамето!
Борис Дамовски – режисер, пред Собранието на Република Македонија
|