Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 3:11 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 18 » Сашко Гугулев Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    2:08 AM
    Сашко Гугулев Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    Ден Втор
    28 февруари 2017 година

    Ви благодарам на сите! Браќа и сестри Македонци, овие лудории од немакедонски фрази, овие бркотници од немакедонска фонетика, оваа дилогика од искривоколчена синтакса, ќе роди од пепелта феникс. Само еден поглед е доста. Да се видат ужасните потреби на нашата татковина. Благодарејќи на последните политички настани и географската положба на Македонија денес се собрале севозможните надворешни елементи, кои одушевени од своите поразни планови и интереси за нашата иднина, слободно ја вложуваат својата енергија, го засилуваат антагонизмот, што и така постои во земјава. Само еден силен отпор од наша страна може да не зачува од грабежничките посегања. Затоа сме заедно! Затоа се собираме, затоа се обединуваме! Во еден општ комплекс, во една народна сила, за да ја зачуваме иднината на својата татковина. Затоа сме тука. И затоа сме заедно. Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, христијани и муслимани. Затоа што заедничкото живеење под македонското сонце кое подеднакво допира до сите е стремежот на секој македонски граѓанин каде и да се наоѓа. Заедно сме, затоа што сме силно и цврсто решени долгата македонска историска ноќ да ја претвориме во вечен ден во кој има место за сите. За никој никогаш да не помисли да го раздели црвеното од жолтото, и за никој никогаш да не помисли да го раздвои братот од брат. Нема да ви помине! Големиот Анте Поповски пееше вака: 

    Стиснете ги тревките, 
    Неа ќе ја исцедите, 
    Наслонете се врз каменот, 
    И името ќе и го чуете,
    Симнете се во реките, 
    Дното со неа ќе ве почести, 
    Легните да починете, 
    И ноќта со неа ќе ве покрие, 
    И на овој даб името ќе го напишам, 
    Дождовите да го симнат, 
    Жедните в земја да се напојат, 
    На оваа нива, 
    Грутка од тебе ќе посеам,
    Красавка да никне, 
    Со неа внучињата да ни ги нахраниш,
    На овој рид ќе останам, 
    И кога ќе заминам пак да те гледам.

    Еве ја таа проста земја, 
    Од уличен камен и сонце, 
    Децата уште незаодени, 
    Каде откопуваат лобањи по градините.
    Еве ја таа проста земја
    Од пајажини и од води, 
    Мудро слободна
    Кај што запишала селски имиња
    На местата, по црквите
    Каде што стојат иконите, 
    И каде летото како судбина
    Трае до последниот востанат.

    Ете ја таа проста земја, 
    Од заморено дишење и од молк, 
    Низ која времето одминува
    И пак се враќа, 
    Со неа да го сподели
    Лажното траење на лагата.

    О, ене ја таа земја
    Од грч и од чекање, 
    Што ги научи и ѕвездите
    Да шепотат на македонски, 
    А никој не ја знае.

    Од вечерва, целиот Балкан ја знае вистината за Македонија. Нема да престанеме, нема да ви помине! Ви благодарам! 

    Сашко Гугулев – поет, пред Собранието на Република Македонија

    Views: 236 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024