Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Втор
28 февруари 2017 година
Почитувани, мене ми беше дадена најлесната задача да прочитам еден текст, кој оди во прилог на се тоа што беше кажано досега. Ние, граѓаните на Заедничка Македонија, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, и сите други кои живеат во нашата татковина бараме: Прво, сите политички партии, заедно со граѓаните, да изготват платформа за Заедничка Македонија. Тука во главниот град на Република Македонија и да се отфрлат платформите пишувани во туѓи држави. Второ, бараме од политичките партии во преговорите да не си помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Трето, бараме од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да не допуштат да се гласа во Собранието Законот за двојазична Македонија, затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија. Четврто, бараме од Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓи Иванов, да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен и затоа што давањето на мандатот за платформа од туѓи држави ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија. Да живее Република Македонија! Да живее Заедничка Македонија! Јас сега имам една лична порака. Вчера бевме десет илјади и повеќе, вечерва сме петнаесет илјади и повеќе, утре триесет илјади и повеќе.
Коле Манев, ликовен уметник, пред Собранието на Република Македонија
|