СОБРАНИСКИОТ СПИКЕР МОРА ДА ЈА ОТФРЛИ ПЛАТФОРМАТА: „За заедничка Македонија“ со единствена порака – следниот претседател на Собранието да ја отфрли Тиранската платформа!
Претседателот на Собранието ќе може да биде претседател само ако се откаже од тиранската платформа, кажа Богдан Илиевски, еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“
-Симнувам капа за масовноста, симнувам капа за Македонците, за заедничка Македонија, за Македонија против Тиранска платформа, против двојазична Македонија, против бинационална Македонија, да за заедничка држава, да за мултиетничка држава. Денеска многу важно, било кој претседател на Собранието на Република Македонија, може да биде претседател само ако се откаже од тиранската платформа, ниту едно друго сценарио не е опција и тоа треба да го знаат сите, изјави Илиевски.
Тој испрати порака и до оние кои велат граѓаните да си одат дома, да не протестираат по улиците.
-Денеска е 19-ти ден, викаат да си одиме дома, сакаат да не замолчат, ние сме тука дома и сме гласни, порача Илиевски.
Извор: “Инфомакс.мк“
|