Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Трет
1 март 2017
Тишина! Почитувани сограѓани, ве молам! Почитувани фантоми, се наоѓаме пред опустошената канцеларија на претседателот на Република Македонија, од која пред извесен период беше украден лабтоп. Наша среќа Уставот не беше во лабтопот. Му благодариме на претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорѓе Иванов, кој ги испочитува Законите и Уставот на Република Македонија, како и нашите барања. Граѓани, ова е трет ден на нашите протести и прва победа. Не чекаат уште многу.
Борис Дамовски – режисер, пред канцеларијата на претседателот на Република Македонија
|