Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Трет
1 март 2017
Која е причината поради која сте дојдени вечерва на протестот?
-Причината е многу проста. Се вика Македонија. Република Македонија. И таа е доволна причина за сите овдека да бидеме. Едно измамничко племе, оној Заев и Шеќеринска, не може да ја уништат унитарноста на оваа држава позади зелена маса и сокриени у некаков кабинет. Тоа нема да го дозволиме. Ова е држава на македонскиот народ. За оваа држава гинеле генерации на Македонци. А тој да ги распродава нашите интереси во Тирана, со платформа која му ја напиша Еди Рама. Нема да го дозволиме. И тука ќе бидеме секој ден до крај. Нека си ги собере парталите и да го нема од државата. Ова е држава на Македонците. Он нема мандат. Нема право оваа држава да ја распродава. Или нека искочи на избори, нека нуди албанска платформа како политичка платформа на неговата партија пред изборите, а не отпосле да ги измамува граѓаните, како што впрочем прави секогаш СДСМ во овие 25 години. Ние сме тука да кажеме дека е доста. Нема да попуштиме. Ова е наша држава. Нашата држава ќе остане унитарна. Ние имаме право со сите средства да ја одбраниме.
-Дали мислите дека е загрозена безбедноста и унитарноста на Република Македонија?
-Па како не е загрозена. Спремен е се да стави на маса. Се понуди само да се добере до позиција. Тоа е неприфатливо. Нема да отстапиме. Цел овој народ ќе биде тука до последен здив, да знае дека нема да се повлечеме. Има да се повлече он. Или ќе се залага за политички програми и да го подобри животот на граѓаните, или ние нема да попуштиме, нема да дозволиме изборна измама. ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите. И таа победа мора да биде верифицирана во Парламентот. Благодарам.
Филип Петровски – македонски политичар, директор на Државниот архив на Република Македонија, библиотекар и универзитетски професор, за време на протестниот марш за Заедничка Македонија
|