Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Трет
1 март 2017
Браќа и сестри, ме мачат играрии, темни прокоби, темни играрии на веков, не смрт без слобода. Не без Македонија.
Како ли ми ја краде земјата,
И во очи ми ја фрла,
Кој ми го погани морето,
Крвави гемии ќе му потопам.
Овде и тревче се бори
За сонце и слобода.
Овде и семето јачка
Во земјината утроба.
И додека некои народи
Се гаѓаат со аморови стрели в срце,
Овде под покрив од меч
На дар се делат тирании.
Крени се море,
Градобран биди пред налетот
Стрели сараценски.
Смрт или слобода,
Одлука стравотна и за Бога,
А камоли за народ унесреќен.
И ако не стигнам да ве опоменам,
И ако умрам недоречен,
Се што допрев и помилував
Во природата ќе загрми.
И ако не стигнав сите вам да ви ја допрочитам
вашата душа во сонот,
се плашам, се плашам да не ве измамат,
зашто има лажна пролет
среде зима тешка,
што ќе ги измами на видело
вљубениците на слободата
за потем на нишан да ги земе.
Ете од тоа нам ни страдаат поколенија.
Сашо Гигов – Гиш – македонски поет, есеист и естраден уметник, пред Собранието на Република Македонија
|