КОНЕЧНАТА БИТКА ЗА МАКЕДОНИЈА
Крум Велков
Не е лесно да се пишува без емоционална дистанца како Македонец среде најголемата криза од Декларацијата за независност во 1991 година. Македонија е нападната фронтално (засега, политички и со хибридна војна и специјални психолошки операции) од умирачките демони на англоамериканската мочуришна длабока држава, кои сега ја губат контролата над светот со секој нов ден. Попрецизно, треба да се нагласи дека нападите, со помал или поголем интензитет, беа изведувани од самиот почеток на независноста, пред 26 години, по уништувањето на СФР Југославија.
Претекст
Проектирајќи ја Македонија како особен вид замрзнат конфликт или геополитички јазол, Западот ја употребуваше периодично, зависно од нивните тактички геополитички потреби против надоаѓачкиот нов мултиполарен поредок, странично удирајќи ја Русија на Балканот, но исто така и европската стабилност. Општопознато е дека без стабилен Балкан не може да има стабилна Европа. Судбината на Република Македонија е што во геополитичка смисла таа е еден вид двоен римленд, прво како држава на периферијата на Евроазија (порта на Евроазија, заедно со Србија) и, второ, како регионален балкански римленд околу кој има голем историски потенцијал за конфликти меѓу балканските држави, во случаи кога тие се провоцирани и манипулирани од Западот според принципот ‘раздели па владеј’, како што тоа историски болно ни е докажано повеќепати. Што се` заедно резултираше во познатиот израз Македонија-- бурето барут.
Сепак, со успехот за конечното создавање независност по вековни борби, Македонскиот народ и држава станаа можна централна точка за идна балканска стабилност, еден вид бафер зона помеѓу соседите кои историски се бореа за доминација во регионот: доколку некој се обиде да ја загрози Македонија, тоа автоматски ќе ги вовлече и другите. Борис Елцин, сепак, беше доволно свесен да ја согледа стабилизирачката моќ на македонската независна држава во однос на балканските словенски народи, па така Русија беше меѓу првите три држави кои ја признаа независноста на Република Македонија под нејзиното уставно име (Грците, подбуцнати од атлантистите, го проблематизираа правото на Македонија да го носи своето вродено име), само кус период по Декларацијата. Тоа беше еден од неговите подобри потези со подлабоко кумулативно геополитичко влијание. Денешна Русија го поддржува македонскиот суверенитет, не само заради крстосувањето на гасоводните проекти, туку и како фундаментален елемент на идната безбедносна архитектура на Југоисточна Европа, на тој начин неутрализирајќи ги атлантистичките провокации во однос на планетарниот римленд, кој е касус бели за напад врз рускиот хертленд. Малата Македонија очигледно има големо значење; таа е еден вид хиперчувствителен геополитички нерв.
Заговор
Трансатлантската елита го употребува албанското малцинство за постојано да ја загрозува земјата: Албанците не гласаа на референдумот за независност, одбија да гласаат за новиот устав, во 1992 се обидоа да ја формираат автономната т.н. Илирида, како претекст за Голема Албанија; тие го предизвикаа воениот конфликт во 2001, по кој постојано ги уценуваа македонската држава и народ со постојани нови и нови барања, наводно за нивни права, додека во заднината тоа беше јасна агенда за Голема Албанија и албанизација на Македонија (перспективно и на целиот Балкан населен со словени), а подджани од политичкиот Запад. Во 2015, голема терористичка група од Косово (поточно од американската база Бонд Стил) беше увезена во Куманово со цел да создаде хаос во земјата и така да го поддржи западниот марионетски Социјалдемократски сојуз на Зоран Заев, кој смислено ја предизвика кризата, контролиран од истите сили кои ги употребуваат и Албанците. Македонските безбедносни сили брзо ги совладаа.
Сепак, кризата беше продлабочена и влошена. Она што беше зацртано како излез за Македонија, т.е. предвремените избори во декември 2016, по „медијаторството“ на ЕУ, сега стана нова ноќна мора. И покрај фактот што владеачката конзервативна ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, сценариот на медијаторите беше партијата да се отстрани од власт по секоја цена. Следствено, водачите на албанските партии добија наредба од американскиот амбасадор Џес Бејли (инаку, агент поврзан со Обама-Сорос) да одат во Тирана и, заедно со албанскиот премиер, соросоидниот Еди Рама, да ја создадат т.н. Тиранска платформа. Накусо: вештачка албанизација на Македонија, конечен удар во смисла на расцепување на државата, асимилирање на Македонците и, следствено, експлозивен Балкан, т.е. нестабилна Европа. Тоа беше директно, дрско мешање на странска држава, една брутална провокација. Полезно е да се знае дека само неколку дена пред изборите, последниот шеф на ЦИА под Обама, Џон Бренан, имаше итна средба со својот клиент Еди Рама во Тирана. Заговорот против Македонија беше запечатен.
Отпор
За Македонците, тоа беше неприфатливо. Сега, Македонскиот народ секој ден протестира на улиците во значаен број во однос на целокупното население (околу 2.000,000): 100,000 – 150,000 секој ден ширум државата. Бројот сигурно рапидно ќе се зголеми во случај на прифаќање на платформата од страна на Заев, кој е уценет да ја спроведе. Неофицијално, тој целосно ја прифатил, но сега се обидуваат да ја манипулираат јавноста, тврдејќи дека нема да има промени на уставот, државните симболи (знаме, химна) и практично да воведат бинационална федерација, што за Македонија би значело смрт и официјално воспоставување на Голема Албанија.
Всушност, јасно е дека овојпат Македонскиот народ е подготвен да се бори за својот суверенитет и опстанок со сите средства. Многу Македонци веруваат дека дури и војна е добра опција, бидејќи тие немаат што повеќе за изгубат. Најнова анкета на Брима Галуп покажува дека секој трети Македонец (38%) е подготвен да се бори. Ова се чини исто така им е јасно и на водачите на албанскот малцинство и на ЕУ бирократите исто така. И уплашени се. Востанати Македонци не беа предвидени во сценариото. Веруваа дека националниот дух е испумпан по долгата криза, па дури и скршен по 26 години притисоци (што беше една од главните цели), но тие тешко згрешија. Сега, главен играш во целиот процес на можно решавање на кризата е во рацете на македонскиот народ. И се чини дека овојпат цврсто го држи, бидејќи се работи да се биде или не.
Она што е поважно да го знае светот е дека овој мал балкански народ овојпат се бори не само за својот суверенитет, нација, јазик и идентитет, туку и за новиот мултиполарен поредок, чувајќи го регионот од тотална контрола на заминувачката трансатлантска елита, од Сорос поддржаните политичари и НВО-и и од други сили со мочуришно потекло кои ги употребуваат Албанците како алатка и топовско месо. Вистинската битка е за новата Европа која повеќе не може да биде иста по Брегзит и Трамп. Британците искалкулираа дека ЕУ повеќе не им служи на нивните цели, плус една идна стабилна Европа секако би ја избрала Русија како природен стратегиски партнер, што тие не можат да си го дозволат. Британската Империја е докажан субверзивен агент против европската стабилност веќе пет века, да бидеме искрени. Зошто би очекувале нешто друго од нив? Тие едноставно сакаат да го спречат надоаѓачкиот руско-американски детант и светскиот мир.
Не постои друг начин за ослободување на Балканот и за перспективна евро-руска соработка освен оваа црна политика да биде целосно геополитички поразена. Првата голема победа би била кога Балканот ќе расчисти со поддржаниот од Запад брутален етно-фашистички проект за Голема АЛбанија. Ова, заедно со едн претпоставен регионален стратегиски сојуз меѓу балканските (православни) словенски народи, може да биде мост кон евро-руското/евроазиско стратегиско партнерство. Следствено, поддржувајќи ја македонската борба, светот го поддржува и глобалниот мир, стабилност и новата перспектива на мултиполарноста.
Еден човек еднаш кажал: Македонија ќе го спаси светот! Ова би можело да биде вонвременско ехо од последниот здив на некој македонски патриот кој загинал во некоја од балканските војни, додека неговиот народ и територија беа распарчени. Би можело да биде. Она што е извесно е дека Македонците доволно се изнастрадаа низ историјата и овојпат се подготвени за конечната битка.
THE FINAL BATTLE FOR MACEDONIA
Krum Velkov
It’s not easy to write with emotional distance while being a Macedonian in the middle of the biggest crisis since the declaration of independence in 1991. Macedonia is being attacked frontally (so far politically and by means of hybrid war and special psy-ops) by the dying demons of the the Anglo-American deep swamp state, who are now losing control over the world with each passing day. To be more precise, it should be stressed that attacks have been carried out, less or more intensively, since the beginning of its existence as independent state, 26 years ago, after the destruction of SFR Yugoslavia.
The Pretext
By projecting Macedonia as a specific kind of frozen conflict or a geopolitical knot, the West has been using it periodically depending on its ongoing tactical geopolitical needs against the incoming new multipolar order by flanking Russia on the Balkans, but also for controlling European stability. It is common knowledge that without a stable Balkans, there will never be a stable Europe. The destiny of the Republic of Macedonia is that it is a kind of double Rimland in a geopolitical sense, first as country on the periphery of Eurasia (the gate of Eurasia, together with Serbia), and second, as a regional Balkan Rimland on which exists huge historical potential for conflicts among Balkans states in cases when they are provoked and manipulated by the West in the manner of the ‘divide et impera’ principle, as history has painfully proven us many times. All of these resulted in the famous Macedonia-Powder-Keg expression.
However, by finally succeeding in earning independence after centuries-long battles, the Macedonian people and state became a potential central point for future Balkan stability, a kind of buffer zone between the neighbors who historically struggled for domination over the region. If someone tries to endanger Macedonia, it will automatically involve others.
Boris Yeltsin was, however, smart enough to see the stabilizing power of a Macedonian independent state concerning Balkan Slavic peoples, so Russia was practically among the first three states that recognized the independence of the Republic of Macedonia with its constitutional name (Greeks, pushed by the Atlanticists, have taken issue with the right of Macedonia to use its native name) just a short while after the declaration. It was one of his better moves with deeper, accumulative geopolitical influence. Today’s Russia supports Macedonian sovereignty, not only as a crossroad for its pipeline projects, but also as a fundamental element of the future security architecture in Southeastern Europe, thus neutralizing the Atlanticists’ provocations concerning the planetary Rimland, which is a casus belli for attacking the Russian Heartland. Small Macedonia has big importance, obviously. It is a kind of highly sensitive geopolitical nerve.
The Plot
The transatlantic elite have used the Albanian minority to constantly endanger the country. Albanians didn’t vote in the referendum for independence, they refused to vote on the new constitution, and in 1992 they tried to form the so-called Ilirida autonomy as a pretext for Greater Albania. They caused the conflict in 2001 since which they have been constantly blackmailing the Macedonian state and people with more and more new demands, supposedly for their rights, while in the background there is the clear agenda of Greater Albania and the Albaniazation of Macedonia (and prospectively the whole Balkans inhabited by Slavic peoples) supported by the political West. In 2015, a huge terrorist group from Kosovo (more precisely, from the Bondsteel American base) was imported in Kumanovo with the aim of producing chaos in the country and to support the Western puppet Zoran Zaev’s Social democratic Alliance that intentionally caused the crisis, controlled by the same forces that use Albanians. The Macedonian security forces defeated them quickly.
The crisis was, however, deepened and worsened. What was projected as an exit for Macedonia, i.e. the early elections in December 2016 after the “mediation” of the EU, have now become a new nightmare.
Despite the fact that the ruling conservative VMRO-DPMNE won the elections, the scenario of the mediators was to eliminate the party from power by all means. So, the leaders of Albanian parties were ordered by US Ambassador Jess Baily (an Obama-Soros linked agent) to go to Tirana and, together with the Albanian Prime Minister, the Soros-backed Edi Rama, create the so-called Tirana Platform. In short: the artificial Albaniazation of Macedonia, a final cut in terms of dividing the country, the assimilation of Macedonians and, consequently, provoking an explosive Balkans, i.e. an unstable Europe. This was direct, impudent interference by a foreign state, a brutal provocation. It is useful to know that just a few days before the elections, Obama’s CIA chief John Brennan had an urgent meeting with his client Edi Rama in Tirana. The plot against Macedonia was sealed.
The Resistance
This was unacceptable for Macedonians. Now the Macedonian people are protesting every day on the streets in significant number in relation to the total population. Out of around 2,000,000, from 100,000 – 150,000 are protesting across the country each day. This number will surely rapidly increase in the case of the acceptance of the Tirana platform by Zaev, who is blackmailed to implement it. Unofficially, he has accepted it entirely, but they are now trying to manipulate the public, claiming they won’t change the Constitution, state’s symbols (hymn, flag), and implement practically a binational federation, which means death for Macedonia and the official establishment of Greater Albania.
Actually, it is clear that this time the Macedonian people are ready to fight for their sovereignty and survival by all means. Many Macedonians even believe that war is a good option, as they don’t have anything to lose anymore. A Brima Gallup poll says every third Macedonian (38%) is ready to fight. This seems to be clear to the Albanian minority leaders and to EU bureaucrats as well. And they’re afraid. An uprising by Macedonians hasn’t been calculated into their scenario. They believed that the national spirit was depressed after this long lasting crisis, or even broken after 26 years of pressure (which was one of the main goals), but they badly missed it. Now the main player in the whole process of resolving the crisis is in the hands of Macedonian people. And it looks like it holds firmly this time, for it is about “to be or not to be”.
What is more important for the world to know is that this small Balkan people is this time fighting not only for its country, nation, language, and identity, but for the new multipolar world order as well, keeping the region from falling under the total control of the declining transatlantic elite, Soros-backed politicians and NGO’s, and other swamp-originated forces who use Albanians as tools and cannon fodder.
The real battle is for Europe, which can’t be the same anymore after Brexit and Trump. The British have calculated that the EU doesn’t serves their purposes anymore, plus a future stable Europe would certainly choose Russia as a natural strategic partner. Well, the British Empire has been a provenly subversive agent against European stability for about five centuries, to say the least. Why should we expect something different from them? They simply want to prevent the incoming Russian-American detente and world peace.
There is no other way for a free Balkans and prospective Euro-Russian collaboration than to completely geopolitically defeat this dark politics. The first great victory would be when the Balkans gets rid of the Western backed brutal ethno-fascistic project of Greater Albania. This, altogether with a regional strategic alliance of Balkan (Orthodox) Slavic peoples, could be a bridge to Euro-Russian/Eurasian strategic partnership. Consequently, by supporting the Macedonian struggle, the world supports global peace, stability, and the new potential of multipolarity.
One man once said: Macedonia will save the world! This could be a timeless echo of the last breath of some Macedonian patriot who died during one of the Balkan wars while his people and territory were torn apart. Perhaps. But what is certain is that Macedonians have suffered enough throughout history, and this time they are ready for the final battle.
Извор: “ЗАД ПОЛИТИКАТА“
|