ХАН БЕГА ОД НАРОДОТ: „Мерцедесот“ на комесарот паркиран на задниот излез (ФОТО)
Неговото обезбедување очигледно е загрижено за безбедноста и „мерцедесот“ е паркиран на задниот излез наместо на влезот од страната на булеварот
Сѐ повеќе народ се собира пред делегацијата на ЕУ каде што во моментов се наоѓаат комесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници. Тие се револтирани од неговото однесување и одбивањето да се сретне со граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и покрај тоа што претседателот Иванов им го отстапи терминот за средба.
Комесарот во секој момент треба да замине во Собранието на средба со политичките партии, но неговото обезбедување, како и полицијата, очигледно е загрижено за безбедноста и „мерцедесот“ е паркиран на задниот излез наместо на влезот од страната на булеварот.
Извор: “Телеграф.мк“
|