НАРОД КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА: Над 100.000 граѓани од Скопје упатија гласна порака - Македонија не ја даваме (ВИДЕО/ФОТО)
Заедничка Македонија победува и сите сте заслужни за тоа. Секој еден од вас добро знае дека и ЕУ и разно разни комесари мора да покажат почит кон народот кој живее тука, народот се одважи, народот е буден и свесен и народот порачува доста ни е од заплашувања, порача Богдан Илиевски
Просторот од трговскиот центар „Палома Бјанка“, па сè до градската болница вечерва беше исполнет со луѓе кои со кренати македонски знамиња протестираа за Македонија, за зачувување на унитарноста на државата и против исполнување на туѓи платформи кои водат кон разнебитување на земјата. Според слободни проценки, во Скопје вечерва се собра народ како никогаш досега.
На улиците излегоа над 100.000 граѓани, кои упатија гласни пораки до Европската унија, како и до еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан. Тие порачаа дека Македонија ќе остане вечна, ќе победи, а нејзините граѓани нема да дозволат туѓи сили да ја разнебитуваат. Како и во изминатите денови се вееја знамиња, а се извишуваа и транспаренти на кои имаше јасни пораки дека народот нема да дозволи никаква платформа, ниту пак некој друг, без дозвола од граѓаните, да ја урнисува земјата.
Голема поддршка му беше упатена на претседателот Ѓорге Иванов, кој одби да додели мандат на Зоран Заев, со што ја заштити државата од намерите за исполнување на туѓи платформи.
Актерот Ванчо Петрушевски рече дека македонскиот народ е мирен, но кога ќе зоврие, ништо не го запира.
- Ние сме овде собрани да дадеме полна поддршка на едниот и единствен човек кој што рече „не“ на тиранската платформа, Иванов ја има целосната поддршка од овој народ. Овде зад овие прозорци сакаат да се сокријат оние кои што 10 години нè кодошеа во ЕУ, оние кои што сакаа да го продадат нашето име пред оние „Хановци“, оваа е наша земја и има име нејзиното име е Македонија. Овој благороден народ, овој народ македонски со сите националности, живее, живеел и ќе живее. Господинот Хан, европратеникот со беден мандат од 4 години, не е ист со овој народ кој што живеел илјадници години наназад. Млекото е мирно додека не зоврие, кога ќе зоврие не може никој да го сопре да не претече, таков е македонскиот народ - потенцираше Петрушевски.\
Богдан Илиевски, пак, еден од главните организатори на протестите рече Македонија победува.
- Победата започна и тече, тече како реките кои течат по улиците секој ден, бидејќи ние сме на вистинската страна, на почитувањето, разбирањето, мултиетничноста, а не на страната на бинационална држава. Заедничката, а не држава на патот на федерализацијата. Заедничка Македонија победува и сите сте заслужни за тоа. Секој еден од вас добро знае дека и ЕУ и разно разни комесари мора да покажат почит кон народот кој живее тука, народот се одважи, народот е буден и свесен и народот порачува доста ни е од заплашувања, од неизвесност - порача Илиевски.
Најимпозантен момент беше кога 30-метарското знаме помина над главите на насобраните граѓани. На оградата од Собранието пак, беа поставени плакати со боите на Македонија, а со цел да се покаже дека повеќе нема ограда меѓу народот и меѓу законодавниот дом.
Вечерва полно беше и на улиците и плоштадите низ речиси сите градови и населени места во земјава. Македонските граѓани упатија порака дека нема да дозволат разнебитување на државата, ниту, пак, воведување двојазичност.
http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/ns-newsarticle-narod-kako-nikogas-do-sega-nad-100000-gragani-od-skopje-upatija-glasna-poraka---makedonija-ne-ja-davame-videofoto.nspx
Извор: “Телеграф.мк“
|