Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
ДЕН ЧЕТВРТ
2 март 2017
Почитувани граѓани, сожители, пријатели, граѓани од Скопје, граѓани од цела Македонија! Здружението за Заедничка Македонија, како што и сами знаете, поднесе неколку барања до Владата на Република Македонија и до претседателот, господинот Ѓорѓи Иванов. Едното од барањата, упатено до претседателот Иванов, беше да го почитува Уставот, да не доделува мандат по истекување на рокот кој веќе е навистина истечен и затоа што давањето на мандатот на платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија. Ова барање е веќе усвоено. Првиот дел од битката е добиена. Натаму следуваат и ве потсетуваме на следните наши барања. Ние граѓаните за Заедничка Македонија, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата татковина бараме, сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа за Заедничка Македонија. Тука, во главниот град на Република Македонија. И да ги отфрлат платформите пишувани во туѓи држави. Бараме од политичките партии, во преговорите, да не помислуваат да усвојат владина програма, која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Бараме, исто така, од партиите, а посебно ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија, затоа што таа ќе биде вовед во редефинирање на Република Македонија. Драги граѓани, сожители, Македонци, продолжуваме понатаму со нашата активна борба. Нашиот јазик е македонскиот јазик. Нашите македонски поети не хранат со своите стихови, да можам да ви се обратам во секој момент од мојата уметничка кариера и од својот денешен настап. Ве поздравувам, ви благодарам за топлите аплаузи, со вас сме и натаму.
|