Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2025-01-27, 6:23 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 22 » Бранко Цветковски Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    4:08 AM
    Бранко Цветковски Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ЧЕТВРТ
    2 март 2017

    Браќа и сестри, граѓани на Македонија! И по четврт век од создавањето на нашата суверена држава, некој одвнатре, со надворешна помош сака да го понижи македонскиот народ. Со лаги и заплашувања да му ги испразни гордоста и достоинството, да му го потисне јазикот, и да му го земе името. Нивните крајни планови се да јаснема Република Македонија. Поучени од саможртвата на нашите претци Илинденци, и нашите татковци партизани, ние знаеме дека нивните коски се во темелот на оваа единствена наша држава. И затоа, не ја даваме Македонија. Нека запомнат лажните демократи, дека творецот на современиот македонски јазик, Блаже Конески, пред заминување на оној свет ни рече, ’Ние сме одговорни за нашиот јазик пред нашиот народ’. Нашиот јазик останува нашата единствена целосна татковина. Браќа и сестри, овој завет ќе остане во кодот на сите идни наши поколенија. Затоа сме тука и ќе бидеме секогаш на браникот. Нема да допуштиме никој да го деградира и го прогонува македонскиот јазик. Нема да допуштиме пред уцените на европските и другите бирократи, кои со децении се наметнуваат како лажни пророци. Нашиот Бог е во нашата љубов за Заедничка Македонија. За Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Бошњаците и сите национални заедници. Нашиот Бог е во милоста и проштевањето. Во почитувањето. Нашиот Бог живее во нашето име. Господ е со нас! Да живее Република Македонија!

    Бранко Цветковски, писател, пред Собранието на Република Македонија

    Views: 202 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025