Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2025-01-27, 6:01 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 22 » Богдан Илиевски Борис Дамовски Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    4:11 AM
    Богдан Илиевски Борис Дамовски Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ЧЕТВРТ
    2 март 2017

    Денес во Македонија беше присутна високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Фредерика Могерини. Се сретна со граѓанското општество, како што таа го нарекува, оној збир на 25 луѓе, кои претставуваат 80 невладини организации, а немаше интерес да се сретне со нас. За неа, оние 100 илјади Македонци, секој ден на улиците, не се граѓанско општество, туку некои други. Затоа, доста ни е од европското ’Имате перспектива’ во идно свршено време. Бараме Могерини да објави дека Македонија веднаш ги почнува преговорите за членство во ЕУ, бидејќи и нашите граѓани се Европјани, бидејќи Македонија е европска цивилизација. Лулка на писменоста. Бидејќи нашата младина сака и пее европска музика. Бидејќи и мајка Тереза и свети Климент и Кемал Ататурк тргнаа од Македонија, затоа што Македонија има право да биде рамноправен дел од обединета Европа. Понатаму, ги поздравуваме со аплауз барањата на ЕУ и НАТО и целата меѓународна заедница за владеење на правото во Македонија без натамошно одлагање и затоа бараме владеење на правото од сите и кон сите. Имаме неколку барања...

    Богдан Илиевски - колумнист, пред Собранието на Република Македонија

    Бараме ЕУ, без одлагање, да ја прифати одлуката на правната Бадентерова комисија од 1992 година, која утврди дека, признавањето на државата под името Република Македонија не претставува никаква територијална закана и е согласно меѓународното право и европските вредности. Второ барање, бараме ЕУ, исто така, без одлагање да ја почитува препораката од 2009-та година на Европската Комисија за отпочнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, со што ќе го покаже и лидерството и директниот придонес кон мерит-системот на владеењето на правото. Трето барање, бараме од земјите-членки и генералниот секретар на НАТО, без понатамошно одлагање, да ја прифатат едногласната пресуда на меѓународниот суд на правдата, и согласно истата, да упатат покана за членство на државата во НАТО, со што ќе дадат придонес за стабилноста во регионот и сопствен пример за владеење на правото. Четврто, бараме од земјите-членки на ЕУ да го осудат мешањето на премиер од соседството во внатрешните работи на Република Македонија што е спротивно на европските политички норми и правото на сувереност на државите. Уште едно барање. Кој и да сака може да го каже тука. Да живее Македонија! Да живее нашата правда!

    Борис Дамовски – режисер, пред Собранието на Република Македонија

    Views: 256 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    А сега? Оваа страница од почеток е против таа песма ЕУ-НАТО, па и сега се оградува, иако... еве однапред политкоректност, особено за Борис...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025