Главна програма на ФФФ 2017 / Main Programme of PFF 2017
We are counting the last two weeks before the beginning of the first international edition of the Philosophical Film Festival! The Festival will be held from March 30 to April 7 in the Cinematheque of Macedonia and in 9 festival days will offer the public 34 feature and short films from all around the world, lectures and discussions on important philosophical topics and open discussions after the films with eminent professors, directors and intellectuals from Macedonia and abroad. Our selectors, professors Kiril Trajchev (Selection of Feature Films) and Ana Opacic (Selection of Short Films) have made a careful selection of films that are both exceptional film works and are also philosophically relevant as is the specific of the Festival. The films in the Selections will compete for the ‘Golden Owl’ Jury & Audience awards for Best Feature Film on PFF 2017 and Best Short Film on PFF 2017. The Jury of the Selection of Feature Films is made by prof. dr. Ivan Dzeparsoki, prof. dr. Aleksandar Prokopiev and prof. Vladimir Blazevski, and the jury of the Selection of Short Films: doc. dr Vangel Nonevski, Petar Volnarovski and Marija Dzidzeva.
—————————————————————————————————————
Ги броиме последните две недели до почетокот на Фестивалот! Главната програма на 7. Филозофски Филмски Фестивал ќе се одржи од 30 март до 7 април во Кинотеката на Македонија. Во 9 фестивалски денови на првото интернационално издание на Фестивалот ќе имате можност да погледнете 34 долгометражни и краткометражни филмови од целиот свет, да проследите предавања и дискусии на бројни филозофски теми и да влезете во отворена дискусија со познати професори, режисери и интелектуалци од Македонија и странство.
Годинава покрај Ревијалната програма која е со некомпетитивен карактер и на која ќе имаме гости од Македонија и странство, фестивалот ќе понуди и две селекции на филмови – Селекција на долгометражни филмови и Селекција на краткометражни филмови. Нашите селектори, професорите Кирил Трајчев и Ана Опачиќ, направија внимателна селекција на филмови кои се обете, филмски квалитетни и филозофски релевантни. Во Селекцијата на долгометражни филмови ќе имаме можност да погледнеме седум филмови од Киргистан, Австрија, Грција, Романија/Литванија/Молдавија, Иран, Грузија и Полска. Краткометражните играни филмови исто така доаѓаат од сите страни на светот, и во две вечери – 2ри април (недела) и 4ри април (вторник) македонската публика ќе има можност да ги погледне во Кинотеката на Македонија.
Филмовите од Селекцијата на долгометражни филмови и Селекцијата на краткометражни филмови ќе се натпреваруваат за две награди – наградата „Златен був“ за Најдобар долгометражен филм од жирито и публиката, и наградата „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм од жирито и публиката. На наша огромна чест и задоволство жири на селекцијата на долгометражни филмови годинава ќе бидат: проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Александар Прокопиев и проф. Владимир Блажевски. Жирито на краткометражни филмови пак го сочинуваат: доц. д-р Вангел Ноневски, Марија Џиџева и Петар Волнаровски.
Ве очекуваме во Кинотеката на Македонија!
https://filozofskifilmskifestival.wordpress.com/2017/03/18/%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D1%84%D1%84-2017-programme-of-pff-2017/
Извор: “filozofski.filmski.festival“
|