Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
ДЕН ПЕТТИ
3 март 2017 година
Сакам да ви кажам дека јас сум писател, воглавном поет. Мојата алатка во животот е поезијата. Затоа ќе ви прочитам сега една песна. Македонскиот народ е создаден за создавање, за игра, за љубов и за песна. Нашето творештво е вечно. Фолклорот, се гордееме со нив. Нашите ора сега се шират низ цел свет. Еве ја песната што ќе ви ја прочитам.
Свеќа
Има едно ќоше
Во кое чами белата свеќа,
Исправена, незапалена.
Една невидлива рака
И се доближува
Со запалено ќибритче,
Овој мал пламен е жежок оган,
Се доближува до свеќата,
Во ќошето ја пали
И таа пламнува со вечна светлина
На заборавеното ќоше.
Ова ќоше сега е осветлено од македонскиот народ. Го поздравувам нашиот претседател Ѓорѓи Иванов. Да живее Македонија! Македонија да живее и македонскиот народ!
Гордана Михаилова-Бошнакоска - поет, раскажувач и есеист, пред канцеларијата на претседателот на Република Македонија
|