Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 8:20 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 23 » Запро Запров Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    11:57 PM
    Запро Запров Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ПЕТТИ
    3 март 2017 година

    Драги Македонци, и наши сограѓани од сите нации и вери! Се поклонувам пред вашето достоинство! Така се брани Македонија. Така се бранат нејзините вредности. Наместо шарање на нашите паметници, на нашата историска меморија, така се брани Македонија. Секој кој има љубов кон оваа земја само така ја брани. И благодарам за ова. Доста е со отстапки за мир во куќа. Доста е. Доста е, затоа што тие во процесот од осамостојувањето наваму се покажаа како контрапродуктивни. Затоа, доста е со тоа. Во овој момент, во Македонија, никој нема реална основа да бара било што, особено не преку некои ултимативни барања на платформи. Наместо таква платформа, која ги разединува нашите интереси и нашите народи, наместо таква, треба да понудеа платформа за економски, културен и секаков просперитет на оваа држава. Тогаш ќе ги прифатевме со широко отворени раце. Вака не. Затоа што во Македонија сите националности ги уживаат правата свои на висина на сите меѓународни стандарди. А особено нашите сограѓани, македонските Албанци. Тие имаат институции скоро на секое ниво во државата. Имаат свој универзитет, своја научна институција, на албански мајчин јазик, имаат телевизии, имаат двојазичност во средините каде што се 20%. И затоа ова ултимативно барање на нашите сограѓани, политичките лидери на Албанците македонски, затоа во најмала рака кажано, е непристојно. Доста е! Така е, доста е. Јас повикувам на разум, на љубов, на сплотеност. Само такви можеме да опстанеме на овие простори. Сме опстојувале и ќе опстаниме. Ова лудило што се случува последните две-три години, тоа е последната фаза од сценариото за разнебитување на македонската држава и укинување на македонскиот идентитет. Ако има Македонец, здраворазумен, или граѓанин на оваа држава, кој тоа не го сфатил, во тој случај треба да му покажеме, да му докажеме. Затоа што, сите овие барања се нереални, немаат основа. А нашиот идентитет, македонскиот, ние Македонците, два и пол милениуми го носиме, се бориме, гинеме за него, страдаме за него, пееме за него. И единствено ние, Македонците, го изнесовме, низ сите историски премрежиња, низ историјата до ден денешен. И тоа нам ни припаѓа. А иронијата да биде уште поголема, таканаречената меѓународна заедница од нас бара сами да се укинеме. Македонскиот народ низ историјата дал најголеми цивилизациски придобивки на светот, особено на Европа. Преку Филип Македонски, кој создал прва држава на европското тло, преку Александар Македонски, што е најголемиот обединител, војсководец, научник, затоа што тој е пионер во поморството. Некој ќе рече, ние немаме море, како пионер? Пионер, затоа што тој ги започнал првите истражувања на дното на морињата. Потоа, преку Аристотел, најголемиот философ, некој што вели некој туѓ е, тој е наш, кој се родил, израснал, се школувал на дворот на Филип Македонски. И тој е наш. Не може да биде друг. Понатаму, преку браќата Кирил и Методиј, апостол Павле, преку Лидија Македонска, која е првата христијанка на европско тло, преку браќата Кирил и Методиј, кои го просветлиле целиот европски свет скоро, а кои потоа, преку првиот Универзитет во Европа, тоа е Охридскиот Универзитет, чии формирачи и раководители се браќата по дух, по вера, браќата свети Климент и свети Наум. Три илјади ученици испратиле низ светот да го шират старомакедонскиот јазик и светото канонско писмо на нашиот старомакедонски јазик. И најново, нашите сограѓани, мајка Тереза, светицата мајка Тереза, тоа се вредности кои не се случајни. Нема ништо случајно во природата. И затоа, да сме горди на ова што го имаме пред нас, односно зад нас и пред нас. Повикувам, во тоа име, на меѓумакедонско помирување. Доста е со делби. Доста е со омраза. Доста е. Доста е, затоа што само сплотени можеме да си ја одбраниме татковината, заедничка на сите нас, на сите граѓани на Република Македонија. И само така можеме да создадеме светла иднина за нашите поколенија. Затоа што, ниту со нас почнувам историјата и светот ниту со нас ќе заврши. Таа мора да остане на нашите идни поколенија. Ви благодарам. Да сте живи и здрави. Да живее Македонија!

    Запро Запров – македонски диригент, сликар, композитор и универзитетски професор, пред Собранието на Република Македонија

    Views: 242 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024