Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
ДЕН ПЕТТИ
3 март 2017 година
Вчера оттука прочитав нешто политички коректно. Денеска ќе прочитам нешто во што верувам јас и мојот собрат Александар Русјаков. Браќа и сестри, единаесет години, преку хумор и сатира во ’Еднооки’ ви го кажуваме она што нашите политичари и експерти не сакаат да ви го кажат, се плашат да ви го кажат, ви го кажуваат завиено, за да ја разубават лицемерноста на меѓународните политички мешетари. Бирократите од ЕУ, НАТО и бившата администрација на Америка, дваесет и пет години се обидуваат да ја вратат Македонија во 1913 година. За да ја парчосаат, за да ја погребаат. За да не убедат сами да се откажеме од сопствениот идентитет. Драги сограѓани, од мигот кога Македонија прогласи независност во погон беше ставена моќна машинерија. Центрите на моќ го прогласија нашето име и идентитет за безбедносен проблем. Соседите се испотепаа кој од нив ќе биде поупорен во непризнавањето на македонскиот народ, јазик и црква. Удбашките структури на црвената буржоазија почнаа да роварат одвнатре. Дваесет и пет години го гледаме ова сценарио. Дваесет и пет години корисни идиоти за една употреба. Не убедуваат дека тоа не е така. Прифаќањето на ФИРОМ, промена на знаме, откажување од македонските малцинства, фингирана војна, Рамковен договор, лажиран попис, територијална поделба. Пржински договор, платформа генерирана со помош на разузнувачки агенции и сето ова прифатено под закани, уцени и терор. Пријатели, ние авторите на ’Еднооки’, сите овие години сакаме да ве разбудиме, да ви кажеме што се случува зад кулисите на непринципиелната политика. Бараме прекин на преговорите за името. Бараме исправен р’бет. Бараме политичка и економска лустрација. Бараме јавно осудување на двојните аршини. Бараме национални црвени линии. Бараме заедништво за една, единствена, суверена и унитарна Македонија, без разлика на пол, вера, етничка или политичка припадност. Браќа и сестри, ние знаеме дека сите политички партии во Македонија се усогласени само околу прашањето на членството во ЕУ и НАТО. Ја прифаќаме волјата на граѓаните. Ја прифаќаме нивната волја. Волјата на граѓаните кои гласаа за тие партии. Затоа што нивниот глас е глас за тие партии, а тие велат дека тоа сте, ЕУ и НАТО. Но мора да знаете едно. Дваесет и пет години ЕУ и НАТО ни кажуваат дека мора да го смениме името... Не бараат безимени и без идентитет. Не ни требаат. Драги сограѓани, дека центрите на моќ ја користеле и се уште ја користат нашата поделеност, како во минатото, така и денес. Затоа, за да не бидеме дел од таа наша поделеност, за да не бидеме како другите, мора со сите сили да се бориме да ги сакаме оние Македонци што нас не мразат. Пријатели, во време на војна Македонија се брани со пушка. Но во време на мир, Македонија се брани со љубов. Љубов кон татковината. Кон соседот. Но и кон оние што поинаку мислат од нас. Мора да научиме против нивната омраза да ја употребиме нашата љубов. А сите вие тука ја покажувате. Не дозволувајте ништо да ве испровоцира, ние никого не напаѓаме, не тепаме, ние ја браниме Македонија. Од оние што сакаат да ја снема. Осудете го секој што ќе се обиде да нападне, затоа што тоа е спротивно од нашите намери. Ќе станеме како нив, а такви Македонија не не сака. Ви благодарам! Да живее Македонија!
Борис Дамовски – режисер, пред Собранието на Република Македонија
|