Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 3:08 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 24 » Горан Стојковски Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    0:01 AM
    Горан Стојковски Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ПЕТТИ
    3 март 2017 година

    Добро вечер, драги мои! Како што одевме со оваа поворка, со мојата пријателка Калиопи, и велам, Калиопи, дали знаеш колку чини сево ова? Нема цена, Калиопи. Да сте живи и здрави, ова е бесценето. Доаѓам, почитувани граѓани на Република Македонија од Охрид, градот кој лани ја обележа 1100-годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски. Родниот град на кирилското писмо од кое потекна сесловенската писменост и родниот град на Прличев, нашиот овенчан втор Хомер, за да ве поздравам и да ве потсетам на некои човекови вредности, кои се вечни. Веќе стана еуфемизам времето во кое живееме да се нарече турбулентно. Тоа е повеќе од турбулентно. Состојбата на општествена криза се пролонгира во константна состојба. Општествена елементарна непогода би бил поточниот опис на состојбата во која галопираме веќе неколку години. Поделбата е присутна на секое ниво. Расцепот, озлобеноста и закрвеноста кај луѓето во нашето општество стана се поприсутна слика и состојба. Што им оставаме на новите генерации? Какви вредности преку примерот на нашето сопствено дејствување им пренесуваме? Она што макотрпно се градело, она за што Илинденците од различна етничка припадност го дале својот живот, она во кое генерации го вградиле својот труд, преку ноќ, се растура. Се разграбува и се раздава. Наместо надеж и верба во подобра иднина, за жал, се поприсутно е чувството на дефетизам. Никогаш Македонецот, и самиот напатен, обесправуван, прогонуван и фрустриран низ историјата не вршел геноцид врз било кој народ. Македонија била и е пример на соживот, овдешниот народ знаел да живее заедно. Взаемно да се почитува и да се помага, без оглед на етничката припадност. А оваа културолошка вредност и придобивка е ретка, ако не и уникатна. Не само на овие простори туку и пошироко. Должност ни е да ја негуваме, а тоа сигурно нема да го направиме ако фаворизираме само една малцинска заедница, притоа намерно заборавајќи ги сите останати. Така е. Македонија била и е мултиетничка, а не двоетничка држава. Сите ние сме исправени пред многуте егзистенцијални предвизици. Само со заедништво ќе можеме да ги надминеме. Не би сакал стиховите на големиот Вапцаров, напишани во Софија 1939-та, кој вика,

    Оваа земја сега што ја чекорам, 
    Оваа земја која пролетен ветер ја буди,
    Оваа земја не е моја земја, 
    Оваа земја, простете, е туѓа.

    -да станат опис на предоминантно чувство на граѓаните на Македонија, а пред се, на новите генерации, без разлика на нивната етничка припадност. Исто така, драги пријатели, драги Македонци, ве повикувам на достоинство. Говорот на омраза и насилство никогаш не бил одлика на овој народ. Да бидеме самите отелотворение на мирот, добрата мисла и љубовта кон ближниот, зашто тоа е единствениот начин за манифестирање на овие благодети во нашите животи. А нашиот ближен е секој човек. Секој еден на земјава. А не само оној кој го говори нашиот јазик и ги дели нашите гледишта и вредности. Просветителството тргнало од овие простори пред повеќе од 11 века. Ве молам да не ги срамотиме нашите претци и великани на нашата култура. Да живее Македонија! 

    Горан Стојановски – актер, пред Собранието на Република Македонија

     

    Views: 249 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024