Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 3:32 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 24 » Васил Зафирчев Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    0:03 AM
    Васил Зафирчев Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ПЕТТИ
    3 март 2017 година

    Драги мои сограѓани, домољуби, почитувани граѓани на Република Македонија, драг мој македонски народе! Јазикот е наш долг, и наше право. Ние мораме да го чуваме затоа што е наш, како што е наша и татковината. Човек без јазик е налик на човек без пат, кој не знае кој е, од каде е, и каде оди, напиша пред повеќе од сто години големиот Македонец Крсте Петков Мисирков. И после речиси повеќе од век и половина, во 21-от век, во современа Европа, во современа Македонија, ние повторно се соочуваме со предизвикот да го сочуваме јазикот, да го сочуваме името наше македонско. Да ја сочуваме државата таква каква што ја имаме, таква каква што ја сакаме. Една, единствена, унитарна и суверена. Но за да го сочуваме името наше македонско и нашиот културен идентитет, ние најпрво мора да го сочуваме јазикот. Оти јазикот е душата на овој народ. Јазикот наш македонски е мислата на овој народ. Тоа се чувствата на овој народ. Тоа е срцето на нашиот идентитет. Тоа е нашиот дом, и дом на сите Македонци ширум светот. Македонскиот јазик е нашата единствена и вистинска татковина. Затоа не за двојазичност, затоа не за втор службен јазик. Службен јазик на оваа држава е македонскиот јазик. И оваа држава е Македонија. Двојазичноста, драги мои сограѓани, не е ништо друго туку вовед во двонационалност, а двонационалноста, сукцесивно и на долг рок, води кон територијално редефинирање и поделба на државата. А поделената држава веќе нема да биде Македонија каква што денес ја имаме и нема да се вика Македонија каква што денес ја сакаме. Затоа не за срамните платформи иницирани и донесени надвор, а прифатени дома. Таа платформа не е резултат на соживотот и дијалогот меѓу Македонците и Албанците. Таа платформа не беше ниту дел од изборната програма на партиите за кои што народот гласаше на последните парламентарни избори. Таа платформа значи само едно, тајни преговори и лицитирање со националните и државните интереси меѓу кои и јазикот и името се суштински и еклатантно важен дел. Драги мои сограѓани, ова што ни се случува не е ништо друго туку грубо и брутално мешање во внатрешната работа на државата. Ова не води никаде другде освен во уривање на темелните вредности на Уставниот поредок на државата, унитарниот карактер на државата, а со тоа и на нејзиниот суверенитет и интегритет. Ќе завршам со една мисла на уште еден голем Македонец, Петре М. Андреевски, кој напиша:

    Стравот е страшен само за оние кои му се плашат.

    А ние драги Македонци, додека го имаме името македонско, додека го имаме јазикот наш македонски, немаме од што да се плашиме. Ова е мојот народ, мирен народ, добар народ, мирољубив народ, трпелив народ. И ве молам, драги мои сограѓани, овие мигови бараат да бидеме заедно, сплотени и единствени, во одбрана на она што е наше и што ни припаѓа. Да живее Република Македонија! Да живее Македонија една, единствена, унитарна и суверена! Тоа нека биде вечна порака за нас и за сите идни генерации. Ви благодарам!

    Васил Зафирчев, македонски театарски и филмски глумец, музичар и водител, пред Собранието на Република Македонија

    Views: 235 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024