МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ: Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (ВО ЖИВО)
Протестите во главниот град се одржуваат секојдневно и ја пренесуваат пораката за зачувување на унитарноста на државата и отфрлање на Тиранската платформа, која е вовед во федерализација на Македонија
Масовните протести продолжуваат и денеска 25. ден по ред. Граѓаните на Македонија излегуваат да дадат поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Протестите во главниот град се одржуваат секојдневно и ја пренесуваат пораката за зачувување на унитарноста на државата и отфрлање на Тиранската платформа, која е вовед во федерализација на Македонија.
Денешната борба за зачувување на државата е и за идните генерации. „Генерацијата која доаѓа е за заедничка Македонија“ порачуваат граѓаните.
Денеска присутните со аплауз го поздравија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и неговите одлуки застанувајќи пред претседателската народна канцеларија, која за време на протестите на Шарената револуција беше целосно демолирана.
– Дваесет и петти ден по ред му повторуваме и му порачуваме да не подлегнува под никакви протисоци и тоа ќе го повторуваме се додека треба. Ѓорге Иванов не смее да престане да го брани суверенитетот на Република Македонија. Претседателе, ја имате нашата поддршка, продолжете така како што започнавте, како што цело време работите. Ви благодариме, истакна Богдан Илиевски, кој е еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Погледнете ја атмосферата во живо:
Извор: “Телеграф.мк“
|