Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Осми
6 март 2017
Денес на осмиот ден од Движењето Иницијативата за Заедничка Македонија, дојдовме тука, во дворот на Владата, да положиме цвеќе и да ги поставиме македонските знамиња пред споменикот на борците од Народно-ослободителната војна. Тоа го направивме деновиве и на други споменици во Жена-парк, ги поставуваме македонските знамиња со една цел, да им се поклониме на оние кои ги положиле своите животи, направиле саможртва борејќи се за своите идеали, идеали кои ги делиме и ние денеска. Борејќи се за независна, суверена Република Македонија, за унитарна Македонија, за држава каква што имаме ние денеска. Воедно со овој симболичен гест сакаме да ги осудиме сите обиди на најразно-различните платформи кои што циркулираат во нашиот политички систем. Делото на овие луѓе, меѓу другите, е да се стави во некаков си кош на луѓе кои извршиле геноцид. За нас овие луѓе се херои, кои со својот светол пример, со своето грандиозно дело, треба да послужат и како пример за сегашните и за идните генерации. Тие си го направиле своето, денеска сме ние тука и после нас сигурно ќе има кој да се грижи за нашата држава. Ви благодарам.
Богдан Илиевски - колумнист, изјава за медиумите
|