Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Осми
6 март 2017
Македонската песна секаде се пее. И секаде се слуша. Нашата песна секаде се препознава како македонска. Во Македонија секогаш живееле многу народи. Македонците, кои се мнозинство на овие простори секогаш имале соживот. Погледнете ја чаршија, погледнете ги сите наши творби народни, умотворби, песни. Науката секогаш се промовира не само со македонските приказни туку со сите вредности на сите народи и нивната култура која живее во Република Македонија. Дали знаат сите дека Република Македонија го призна македонскиот јазик и сите дијалекти како културно наследство. Но не само македонскиот. Признаен и албанскиот јазик со неговите дијалекти, кои се зборуваат во Република Македонија. Признаен е и турскиот јазик сосе дијалектите, и ромскиот, и влашкиот. Секогаш сме живееле заедно. Секогаш заедно се прославувале празниците. Ние за Божиќ и за Водици си велиме ’Честит празник!’ со сите сограѓани. Заедно го прославуваме и Велигден и Бајрам, и Летник. Носиме мартинки. Сите носат мартинки на Летник ставаат, и Албанците и Македонците. Нашата убавина е во оваа разноликост, во ова шаренило, затоа сите не знаат и не почитуваат. И секаде, во сите моменти, научниците и културните дејци промовираат соживот и Заедничка Македонија. Со векови наназад тука сме живееле заедно и можеме да живееме заедно. И тоа е единствениот начин, да живееме заедно. А не некој друг од надвор да ни кажува како да живееме. Знаеме, можеме и сакаме да живееме во единствената, Заедничка Македонија. Ви благодарам.
Велика Стојкова – научник, пред Собранието на Република Македонија
|