Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Осми
6 март 2017
Ние уметниците не знаеме да зборуваме. Затоа јас пред да дојдам овде напишав нешто и сега ќе го прочитам. Ние уметниците знаеме да свириме. Јас знам да свирам. Но почитувани браќа и сестри Македонци! Почитувани граѓани на Република Македонија! Овде сум со вас, заедно сплотен, рамо до рамо да застанеме за да ја подржиме и зачуваме унитарноста на нашата држава Република Македонија. Овде сум со вас да го зачуваме нашиот македонски идентитет и културен ентитет. Да го зачуваме македонскиот јазик, јазикот во кој е запишан кодот на Македонецот. Јасно и гласно зборувам на мојот мајчин македонски јазик. Да чујат сите кои го негираат мојот јазик. Да чујат сите кои го негираат моето постоење. Да чујат сите кои ја негираат мојата култура, мојот фолклор, мојата црква. Да го докажеме постоењето на македонската нација, постоењето на Македонецот и на македонското фолклорно богатство. Јас како народен уметник, Македонец, патриот, секаде каде патувам низ светот достоинствено ја презентирам македонската култура покажувајќи колку големо наследство ни оставиле нашите претци. Се борам да го зачувам тоа наше богатство, да го подржам, да го продолжам и да го предадам на нашите поколенија. Да живее Македонија! Да живее македонскиот народ!
Стефче Стојковски – народен уметник, пред Собранието на Република
|