Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
Ден Осми
6 март 2017
Елајте волци, црни мажишта,
Дечишта, чакали, орли,
Елајте од сите дедовци,
Од сите удари,
Од сите добра ви,
Од сите колена,
Елате да се збереме,
Да се видиме,
Останало крв и уште нешто,
Што не ќе може ниедна лута змија
В земји да го исцица,
Ниедна тревка, ниеден корен
Не ќе го исцица.
Ќе ја храни тој
Оваа црна и проклета
Да раѓа бериќет,
Маштија и немаштија,
Елате вие црни мажишта,
Елате, елате од сите колена,
Од сите векови,
Да се собреме, да се видиме,
Елате опинчари,
Објалџии, лимари,
Брсјаци, Мијаци,
Од сите орини,
Од сите Преспи,
Да се видиме,
Да се изброиме,
Царство ќе прајме,
Да се избориме колку сме,
Малку ли сме, многу ли сме,
Царство ќе прајме,
Да видиме колку векови ќе царуваме,
Кој ќе ни биде цар,
Кој бог,
И кој шпион ќе ни биде.
Елате да се избориме,
Елате да се изброиме.
Сашо Гигов – Гиш – македонски поет, есеист и естраден уметник, пред Собранието на Република Македонија
|