Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
ДЕН ДЕВЕТТИ
7 март 2017
Деветти ден и уште еднаш ќе потсетиме на работите за кои што сме ние тука. Сите ние кои што сме за Заедничка Македонија бараме безусловно отфрлање на платформата направена во Тирана, и бараме создавање на Македонска платформа тука во Македонија, а не во странски држави. Тиранската платформа не е Македонија. Не смее мнозинството на Македонците да се исклучат од одлучувањето во сопствената држава. За Македонија мора да се одлучува тука. Со Тиранската платформа ќе се редефинира државата и затоа нема да им помине. Ние сме против двојазична Македонија и сме против бинационална Македонија, а сме за Заедничка Македонија. Македонија како еднакво општество за сите нејзини граѓани. Вчера потсетивме, денес потсетуваме уште еднаш. На обидите некој дури и борбата на Асномците да ја нарече дел од некаков геноцид и да се извинува. АСНОМ не е геноцид. Асномците ја донесоа слободата во Македонија. А извинување треба од таквите луѓе, од лидерот на опозицијата и тие кои го подржуваат. И тие кои ја смислиле платформата. Ниту Асномците, ниту сите граѓани на Република Македонија. Граѓани на Република Македонија, да се наместиме за денешниот марш. Деветти ден по ред. Одиме до Собранието на Република Македонија. Да живее Македонија!
Богдан Илиевски – колумнист, пред Владата на Република Македонија
|