Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
ДЕН ДЕВЕТТИ
7 март 2017
Добро вечер, граѓани! Пред да почнам со говорот, сакам да ви кажам нешто. Значи, јас сум една од вас и јас сум граѓанин како вас. Без разлика дали сме Македонци, Албанци, Турци и други националности. Ние сме едно и секогаш ќе бидеме едно. Почитувани граѓани на Република Македонија, моето име е Шукрие, и јас сум граѓанин на Република Македонија. Јас ја сакам Македонија и сите луѓе, кои живеат во неа. И затоа сум загрижена за нејзината иднина, бидејќи Македонија е моја земја. Јас немам резервна татковина, јас немам друга држава. Ромите ја чувствуваат својата Македонија, земјата каде што се родени, израснале и создале свој живот. Затоа излегов пред вас, да ви кажам, дека состојбата во која се наоѓаме во моментот не е добра. Дека зборуваме за теми, за кои не треба да се зборува. Дека она што ги интересира сите граѓани е да се насочиме на подобрување на соживотот, на растот на економијата, помалку сиромаштија, повеќе среќни луѓе. А не за тоа дали Македонија треба да биде двојазична држава. Македонија не треба да е двојазична, бидејќи во Македонија живеат многу граѓани, различни граѓани по многу аспекти, но слични во тоа што ја сакаат Македонија и ги почитуваат разликите во себе. И сите луѓе меѓусебе се разбирале, се разбираат, и треба да продолжат да се разбираат на македонски јазик. Македонскиот јазик е предност, не е маана, која некој сака да ја искорени. На македонски јазик ви се обраќам вам, мои граѓани, сограѓани. На македонски јазик им се обраќам на пријателите, Турци, Албанци, Власи, на сите кои живеат тука. Цело е кога има се. Мултиетничноста не смее да не плаши туку да не охрабри. Дека сме модерна држава која овозможува нормални соодветни услови за сите граѓани. Не ни требаат платформи од странски држави. Ни треба разбирање, заедништво и почит на државата во која сме родени и живееме. Ни треба Заедничка Македонија, ваква каква што сме ја граделе и ќе продолжиме да ја градиме. Сите заедно! Сплотени во едно!
Госпоѓица Шукрија Усеин, преставник на Ромската заедница во Македонија, пред Собранието на Република Македонија
|