Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
ДЕН ДЕВЕТТИ
7 март 2017
Има некои, кои што не можат да се тука меѓу нас, меѓутоа секогаш биле со нас, се уште со нас и ќе продолжат да бидат со нас. Не само што биле со нас туку и не преставувале и не направиле горди, најгорди Македонци на светско ниво. Игор ќе ви прочита нешто што бев пресреќен кога го слушнав.
Почитувани граѓани, би сакал еден краток статус да ви прочитам од можеби еден, не можеби туку сигурно еден од најголемите спортисти во Република Македонија, еден од најдобрите бекови, можеби и најдобриот бек во светот, Кире Лазаров.
“Чувствувам потреба како Македонец да го споделам своето мислење пред целата македонска јавност. Ги почитувам сите граѓани подеднакво во Република Македонија без разлика на нивната верска, национална и партиска припадност. Драги Македонци, за да бараме почит од други и да ја добиме, прво треба сами себе да се почитуваме. За Македонија се работи. Да го зачуваме нашиот идентитет и интегритет, да зачуваме нешто што сме наследиле и е наша обврска и должност да го пренесеме на нашите идни поколенија. Да го зачуваме она што е наше и што ни припаѓа. Подршка за ’Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија’. Статусот е напишан од срце, со чиста мисла, и слободен ум“. Браво, голем човеку! Да живее Македонија!
Пред Собранието на Република Македонија
|