Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 2:59 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 28 » Богдан Илиевски Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    10:18 PM
    Богдан Илиевски Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ДЕСЕТТИ
    8 март 2017 година

    Десетти ден по ред! Не има се повеќе и повеќе. Стотина илјади секој ден на улиците на Македонија. А доказ дека сме на правата страна и дека ја зборуваме вистината дојде вчера. Вчера дојде уште една потврда, дека намерата да платформата во Тирана е да ја редефинира Македонија. Целта им е... за промена на знамето, химната и грбот на државата. Нема да им помине. Целта им е да ги сменат парите и да се воведат двојазични денари. Тоа е фундаментот на една држава. Нема да им помине! Целта им е да воведат двојазичност и за секогаш да ја изменат Македонија. Нема да им помине! Тиранската платформа удира по фундаментот на оваа држава. Удира по суштината на Република Македонија. Македонија како заедничка држава за сите нејзини граѓани. Без оглед дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби и Бошњаци. Заедничка Македонија ќе победи на крај на денот. Вие сте доказ за тоа. И на осми март, и на дожд, и на ладно време. Тие меѓусебе договориле да се смени уредувањето. Оттука им порачуваме, тоа нема да помине. Тука стои горд народ на оваа држава. Тргнете ги вашите раце од државата и не не убедувајте дека и мислите добро на Македонија. И Заев и останатите, кои заговараат да се протурка ова редефинирање. Видете не, еве сме тука! Исправени пред вас! Со цврста кичма! Тука сме ние, мнозинството Македонци, и сите други заедници, кои се засегнати бидејќи се работи за нивната заедничка држава и заеднички ви порачуваме, нема да ви помине! Ако и мислите добро на Македонија, откажете се од платформата. Нашите барања ќе ги повторам уште еднаш. Безусловно отфрлање на платформата. И правење на македонска платформа тука во Македонија. Откажување од двојазичноста и бинационалната држава. И трето барање, не може да се спроведува програма на влада која не би била гласана од граѓаните, од луѓето кои излегуваат секој ден на улиците. Откажете се од платформата, бидејќи ние од Македонија не се откажуваме. Да живее Македонија!

    Богдан Илиевски – колумнист, пред Собранието на Република Македонија

    Views: 249 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024