Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
ДЕН ДЕСЕТТИ
8 март 2017 година
Почитувани граѓани на Република Македонија! Многу сум среќна што повторно денес се среќаваме овде. Ја користам можноста, во името на нашиот иницијативен Одбор на граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија, на преставничките од понежниот пол, појак или јак пол, да им го честитам празникот осми март. Во едно прекрасно празнично расположение денес да бидеме овде заедно, пред се. Една кратка порака имам денес. Не подготвував говор, но сакав да ви се обратам од срце. Нашата земја е библиска земја. Нашиот народ е библиски народ. Не значи за бадијала е спомнат триесет и три пати во Библијата. Македонија е лулка на писменоста, која што преку моравската мисија се пренесе на другите народи во Европа, во Русија, во Полска, во Моравија, во Словенија, во Србија. Да не заборавиме, дека треба да останеме горди и достоинствени заради тоа што немаме потреба да се докажуваме никому. Ние сме оние кои што сме. И ние сме овде денес со отворена, чиста намера да си ја зачуваме државата. Да си го зачуваме суверенитетот на нашата држава, која што е единствена, ние имаме третина од нејзе. После 1913 година, да не заборавиме, беше распрарчена нашата земја. Тој договор не е ревидиран и сто години по неговото склучување. Значи, нема да дозволиме вмешување во нашите внатрешни работи од ниту еден надворешен фактор и ниту еден внатрешен фактор. Можеби дојде време некој овде да одговара за велепредавство. Нема потреба да се оправдуваме зошто сме денес овде. Тоа е заветот на нашите претци. Никој нема право да го погази. Затоа што го носиме во нашиот код. Ние имаме, исто така, морален код на љубезност, на гостопримство, на отворено срце, спрема секого кој што доаѓа во нашата земја. Но доволно е, од мирољубиво набљудување на тоа како некој сака да не распарчи, како некој сака да не разнебити. Мислам дека дојде моментот кога треба на тоа да се спротиставиме сите. Заедно. Ве повикувам да бидете со нас овде. Се заблагодарувам на многубројните пораки за подршка и се надевам, ќе останеме стамени докрај, во име на наследството од нашите претци. Ви благодарам многу!
Елена Мисиркова – пијанистка и правнука на Крсте Петков Мисирков, пред Собранието на Република Македонија
|