Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
ДЕН ДЕСЕТТИ
8 март 2017 година
Велиме лоши времиња дојдоа. Не се лоши времињата туку човекот. Сите ние се однесуваме како да ќе живееме бесконечно долго. Има ли смисла, која е поентата? Моменталнава ситуација наликува на шаховска партија каде играат бели и црни. Но не смееме да заборавиме, на крајот, кога играта ќе заврши, сите фигури се враќаат во истата кутија. И пионот и кралот. Човекот е роден слободен, но секаде е во синџири. А за да бидеш слободен не е потребно само да ги тргнеш синџирите од своето тело туку да живееш на начин, кој ја почитува и прифаќа слободата на другите. Човечкиот род се одржува само со правење добри дела и со слога. Затоа, додека се уште има време да се освестиме и да сфатиме, дека единствено добро за сите нас, е сплотеноста. Тоа е она кое ни е неопходно. Сега ве повикувам со мене заедно да запееме една песна, која верувам, сите ја знаете:
Векови пеколни,
Заедно ќе минеме,
Древна земјо македонска.
Така е пишано,
Сестро, ништо да не бидеме,
Ти без мене, јас без тебе.
Да живее Македонија!
Андријана Јаневска – македонска пејачка и музичарка, пред Собранието на Република Македонија
|