Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
ДЕН ДЕСЕТТИ
8 март 2017 година
Вчера добивме подршка од капитенот, од легендата, од најдобриот бек во Европа и најдобриот стрелец во историјата на светските и европски првенства во ракомет, Кире Лазаров. Некои комшии, кои уште не сфаќаат дека не се работи за партии, не се работи за вери, ниту за етнички заедници туку се работи за Македонија, беа гневни и бесни затоа што Кире Лазаров даде своја подршка за сите вас, за сите нас, кои што секој ден сме на улиците на Заедничка Македонија. Но капитенот не би бил капитен ако не се огласи и втор пат. Вели вака:
“Почитувани Македонци! Драго ми е што има различни мислења. Меѓутоа, си ветив на себе пред да постирам, нема да избришам ниту еден коментар, без разлика дали тој е позитивен или негативен. Не сакам да си стварам лажна слика за состојбата, бришејќи ги коментарите што не ми се допаѓаат. Тешките времиња служат за тоа да видиме што мислат нашите блиски за нас. Во мојата професионална кариера имав многу советници од секаков тип. Доблест е да знаеш да ги сослушаш луѓето и сум им благодарен. Но одлуките секогаш ги носев сам. Затоа и сега се одлучив за Македонија. Имав прилика, вели Лазаров, во кариерата да настапувам и за друга држава, да се обезбедам материјално за цел живот во време кога на нашата репрезентација не и цветаа рози. Но и тогаш ја одбрав Македонија и не се каам воопшто. Баш напротив стојам гордо и ја пеам нашата химна во победи и во порази. Сега, и во нашата држава не цветаат рози, но сепак се одлучувам за Македонија. За Македонија, која ја сакам од срце. Нашата борба за Македонија продолжува. Само храбро и одлучно.“
Тоа се зборовите на вистински капитен. Тоа се зборовите на Кире Лазаров. Длабок поклон и аплауз за капитенот.
Пред Собранието на Република Македонија
|