Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 12:09 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » March » 29 » Шенол Мемиш Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    9:08 PM
    Шенол Мемиш Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ЕДИНАЕСЕТТИ
    9 март 2017 година

    Добро вечер, браќа и сестри Македонци, Турци, Роми, Власи, Албанци, Срби, Бошњаци, какви се не има меѓу сите нас! Вечерва сум тука, дојдов од Битола да ја подржам оваа иницијатива и да кажеме сите ’не’ за бинационална Македонија. ’Да’ за единствена, мултиетничка, Заедничка Македонија. Можам да кажам слободно вечерва, дека Турците како и другите етнички заедници во Република Македонија ги имаат сите права. Ние имаме преставници во општинските совети, имаме преставници во Владата, во Парламентот, имаме наши здруженија, медиуми на турски јазик, а тоа го имаат и сите други етнички заедници. Мислам дека, тоа што го имаме ние, го имаат и тие кои што бараат нешто повеќе. Не верувам дека ќе го добијат. Вие знаете дека Република Турција е пријател на Република Македонија, имаме потпишано и договор за стратешко партнерство. Јас го поздравувам фактот што претседателот Ѓорѓи Иванов испрати писмо до претседателот Ердоган, се надевам дека македонскиот народ и Република Македонија ќе ја има подршката од Република Турција за унитарна, мултинационална, мултиетничка, а не бинационална. Јас сум сигурен дека нашите пријатели, браќа Албанци, многу повеќе би сакале многу повеќе работни места, би сакале подобро здравство, подобро образование, отколку, на пример, двојазична банкнота. Што ако има двојазична банкнота ако тие немаат како да ја заработат, ако нема работни места. Значи, банкнотата си е добра каква што е, ние се разбираме со вас на македонски јазик, мислам дека и сите така треба да се разбираме и во наредниот период. Секаде каде што има 20% турско население се зборува турскиот јазик и тоа не е проблем, исто како што се зборува и албанскиот јазик, како и ромскиот, во општините каде има ромско население над 20%. Значи ние веќе ги имаме имплементирано нашите јазици во законодавството на Република Македонија и сметам дека тоа како што е во моментот е доволно и така треба да остане. Нема потреба од правење на нови експерименти, кои што би завршиле лошо, а посебно ако тие некои експерименти се спремани во соседни држави. Јас запишав што да кажам, ама некогаш овие говори се поинтересни кога го оставаме запишаното во џебот. Ви благодарам многу на подршката. Македонско-турското здружение ќе биде секогаш со вас и заедно, како што кажав, Македонци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби и Албанци, секако, да ја градиме оваа држава во наредниот период, без некои експерименти, кои би можеле да завршат многу лошо. Ви благодарам на подршката.

    Шенол Мемиш - основач и претседател на македонско-турското здружение “Мустафа Кемал Ататурк“, пред Собранието на Република Македонија

    Views: 273 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024