Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
ДЕН ЕДИНАЕСЕТТИ
9 март 2017 година
Добро вечер! Ова што се случува во нашата држава е загрижувачки, и ние како Велосипедска Федерација и репрезентација одлучуваме да го подржиме Граѓанското здружение за подобра Македонија, за Заедничка Македонија. Ние се бориме за задржување на македонскиот идентитет и да продолжиме како спортисти меѓународно да ја претставуваме Република Македонија како една од земјите каде што има соживот, каде што има живот, иако не мора да има двојазичност и било какви други предности доколку нема потреба за тоа. Треба да се пее македонска песна, да се игра македонскиот спорт и да се грижиме за подобра иднина, како и соживот. Македонската химна да си остане иста. Уште еднаш подршка за здружението за Заедничка Македонија.
Никола Лефков - преставник на Велосипедската Федерација на Македонија, пред Собранието на Република Македонија
|